Израелски војници убија двајца Палестинци кои ги нападнале со ножеви

Израелски војници убија двајца Палестинци кои ги нападнале со ножеви

Двајца Палестинци се убиени откако денеска со ножеви нападнале израелски војници на контролен пункт на Западниот Брег, информира израелската војска.

Ова е последен во низата инциденти во кои од 1 октомври веќе погинаа 22 Израелци, еден Американец и еден државјанин на Еритреја.

Во истиот период израелските сили убиле 146 Палестинци, потсетуваат француските медиуми.