Израелските пратеници го распуштија парламентот

Израелските пратеници изгласаа синоќа со големо мнозинство гласови распуштање на парламентот-Кнесетот, со цел предвремените избори да се одржат на 17 март, пишува МИА.

„За“ гласаа 93 пратеници, а гласови против немаше во Парламентот што брои 120 членови.

Кнесетот со тоа стави крај на својот мандат две години порано отколку што беше предвидено.

Израелската Влада откако е формирана во почетокот на 2013 година беше длабоко поделена во однос на клучни прашања со кои се соочува земјата. Во последните неколку недели кулминираа несогласувањата околу буџетот и законот со кој Израел би се идентификувал како еврејска држава.