Израснала со две мајки – Ова се нејзините причини против геј браковите

Хедер Барвик (31) која израснала со две мајки лезбејки, предизвика силни реакции во јавноста по нејзината изјава дека токму поради таквото карактеристично детство е против геј браковите.

„Иако не’ уверуваат дека е важно тоа што двајцата во бракот се сакаат и дека не е битно тоа што се од ист пол, тоа всушност не е точно“, вели таа

Хедер која денеска има четири деца и живее во Јужна Каролина, вели дека мајка и’ го напуштила нејзиниот татко кога таа имала две години, и почнала да живее со жената во која се вљубила.

Хедер се обратила на геј полулацијата, преку магазинот „The Federalist”.

„Драга геј популацијо, ви пишувам и конечно излегувам од плакарот: Не ги поддржувам геј браковите. Сепак, моите причини немаат врска со тоа дека имам нешто против вас. Напротив, јас многу ве сакам. Причините се поради самата природа на ваквиот однос“, напишала таа.

Хедер исто така навела дека иако нејзиниот татко не бил совршен, другата мајка никогаш не можела да ја замен татковата фигура која и била многу потребна.

„Иако не’ уверуваат дека е важно тоа што двајцата во бракот се сакаат и дека не е битно тоа што се од ист пол, тоа всушност не е точно. Многу деца поради тоа страдаат. Тоа што не можев да имам татко во својот живот навистина ми пречеше и секој ден посакував да се врати во мојот живот. Партнерката на мојата мајка ми беше многу драга, но таа никогаш не можеше да го земе местото на мојот татко“, напишала Хедер.

gej1

За Абигел Гарнер, семеен едукатор на ЛГБТ аеднизата и авторка на книгата „Семејства како моето: Деца на геј родители“, која израснала со двајца татковци, изјавила дека ваквото образложение е сосема бесмислено.

„Иако сочувствувам со Хедер поради нејзината семејна ситуација, морам да кажам дека нејзиното страдање всушност нема никаква врска со геј браковите. Сите ние сме под влјание на сопствените искуства, но се согласувам со тоа дека нејзината животна приказна треба да се земе како објективно мерило за тоа дали геј браковите се добри или лоши“, вели таа.

Барвик исто така нагласиле дека утека конечно нашла во религијата, кога почнала почесто да посетува црква каде што го запознала и нејзиниот сопруг.

„Дури кога се свртев кон Христос, сфатив некои работи. Не сум огорчена, ни лута. Му простив и на својот татко“ напишала Хедер.

Според нејзинте зборови, поради детството кое го имала, денес чувствува големи последици.

„Не сум лезбејка, но израснав во опкружување на две мајки и бев учена дека жената треба да сака жена. Поради тоа, многу се расправав со нив кога се вљубив во својот сопруг“, напишала таа.