Изречени пресудите за милионскиот грабеж од „Тутунска банка“

Девет години и два месеци затвор е казната која ја доби Бобан Смилевски кој беше обвинет за милионскиот грабеж во Тутунска банка.

Неговиот брат Горан Смилевски, кој како и Бобан се товареше за тешка кражба и затајување, е осуден на шест години и шест месеци. Борис Мичевски кој според обвинителниот акт наводно ги превезол украдените пари, доби казна од пет години и два месеци, објави „Фокус“.

Пресудата денеска беше соопштена во Кривичниот суд, а според неа четвртообвинетиот во овој случај, Мирослав Каевски, вработен како трезорист во Тутунска банка, доби условна казна затвор од две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.