Ликвидација: Изрешетан маж пред зграда

Пред зграда во Земун е изрешетан маж. Станува збор за 44-годишниот П.С.  кој бил изрешетан пред зградата во која живее негов роднина.

Како што неофицијално дознава српски „Блиц“, непознато лице му пришло на мажот и истрелало неколку куршуми, од кои мажот починал на лице место.

Мажот бил пронајден во куќата на улицата Јован Станосављевиќ синоќа во околу 21.20 часот. Тој бил застрелан во градите, главата, коленото и потколеницата.

Убиството наводно се случило пред зградата во која живее роднина на убиениот.

Напаѓачот побегнал од местото на настанот, а полицијата интензивно трага по него. Убиениот наводно имал криминално досие.