Изрешетан познат доктор, купил стан па настрадал

Лекарот Сафет Скендер (45) е убиен синоќа во Нови Пазар во повеќе истрели од огнено оружје. Според полициски извори тој е убиен на влезот од станбената зграда во Митровичката улица, а осомничениот е веднаш уапсен, пренесоа медиумите.

Станарите на зградата наведуваат дека слушнале неколку истрели и дека убиениот го препознале, тоа бил лекар специјалист од новопазарската болница. Тој на хируршкото одделение е донесен без знаци на живот.

Неофицијални извори наведуваат дека на С.С. пукал “постар човек од околу 80 години“ од кога С.С. го купил станот, а кобната вечер дошол да се распраша кога претходниот газда ќе се исели од него.