Изрешетан таксист пронајден на улица

Ново грозоморно убиство ја потресе Србија. Четириесет и едногодишниот таксист Кире Тренески бил изрешетан со повеќе куршуми во градите.

Според податоците на српскиот Курир, колегите на настраданиот таксист изјавиле дека вчера како и секоја вечер тој возел со таксито, и не ни претпоставувале дека ќе се случи трагедија. Еден од колегите го видел Кире околу 18 часот, се поздравил со него, а потоа слушнал дека е убиен.

Полицијата го пронашла безживотното тело околу 20 часот на улица. Засега не е познат мотивот за убиството.

Полицијата го истражува случајот.