Изутринава најладно во Скопје, од утре нов бран снег

Најниска температура во Македонија утрово од минус 9 степени Целзиусови е измерена во Скопје, а најтопло со четири степени над нулата било во Охрид. Од утревечер, метеоролозите најавуваат нов снег.

Според информациите на УХМР во Тетово утрово било – 8, во Битола и Прилеп  – 6, во Штип и Берово  -5, во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица – 4, во Гевгелија – 3, во Виница – 2, Лазарополе и Маврово – 1,во Крушево  0 и во Претор 3.

Најмногу снег од 40 сантиметри има во Маврови Анови, 32 во Лазарополе, 21 во Крушево, 20 во Пожаране, 18 во Ѓуриште, 12 во Охрид, 10 во Тетово и Претор, 6 во Битола, Прилеп и Тополчани, 4 во Крива Паланка, Скопје и Пожаране.

Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно западен ветер. Во северните делови ќе има појава на слаб повремен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 4 до 11 степени.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.