Извадени 217 тела од потонат брод со мигранти

Претставници на една италијанска поморска воена флота соопштија дека 217 тела се откриени од трупот на брод што пренесувал бегалци, кој потона покрај бреговите на Либија лани.

Италијанските власти го извлекоа бродот од морското дно минатата седмица и оттогаш работат на идентификувањето на телата, пренесе МИА, повикувајќи се на БТА.

Трагедијата ја натера Европската Унија да ги засили спасувачките акции во Средоземното Море.

Некои од 28-те преживеани во бродоломот, што се случи на 18 април минатата година, изјавија дека вкупниот број бил 700-800 луѓе, што ја смести трагедијата во најсмртоносните кои се случиле во Средоземното Море од почетокот на мигрантската криза. Првично беа извадени околу 200 тела, а италијанските власти потоа, според размерот на бродот, проценија дека внатре останале уште приближно 300 мртви.

Од новопронајдените 217 жртви, завршена е аутопсијата на 52 тела.