Извадени повеќе од 40 тела во зоната на потрага по авионот на „Ер Азија“

Над 40 тела се откриени денеска во Јаванското Море во рамки на потрагата по авионот на малезиската компанија „Ер Азија“, што исчезна во неделата со 162 патници, изјави портпарол на индонезиската морнарица, пренесе МИА.

Военото радио соопшти дека воениот брод „Бунг Томо“ досега извадил од водата 40 тела и дека бројот се зголемува.

– Тие имаат многу работа сега, изјави Манахан Симорангкир.

Во зоната на спасувачки операции утре ќе бидат пренесени со специјален авион роднини и блиски на патниците од исчезнатиот авион, објави весникот „Стар“, пренесува ТАСС.

Роднините не замолија за помош да го видат местото, каде се претпоставува дека паднал авионот. Тие веруваат дека со своето присуство и молитви ќе помогнат авионот да биде побрзо откриен, обајви шефот на индоензиската филијала на „Ер Азија“ Суну Видтмоко.

Според него во регионот ќе бидат пренесени со Ербас А320 вкупно 180 лица, вклучително новинари.

(ФОТО: Ројтерс)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.