Извадил пари од банкомат, па го нападнале

Н.И. од банкомат извадил пари и додека ги броел истите, бил пресретнат  од неколку лица кои почнале да го удираат и му одзеле околу 11.000 денари.

Како што соопштува МВР, настанот се случил вчера вечер околу 22,00 часот во Скопје, Во паркот на ул. „Владимир Комаров“ бр.9, во близина на ТЦ„Скопјанка“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

фото: Канал 5