Извештај на ММФ за Западен Балкан

Државите од Западен Балкан постигнале значителни економски успеси во изминатите 15 години, но треба да го доведат до крај преодот кон пазарна економија и да се подготват за развој. Тоа се вели во извештај на ММФ со наслов: Западниот Балкан-15 години економски преод, пренесува МИА.

Во извештајот што денеска ќе биде претставен во Виена се анализираат Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Во него се нагласува дека економиите на тие држави назадуваат во споредба со други поранешни комунистички држави кои минале низ таков политички и економски преод.

ММФ додава дека Западен Балкан се претвориле во експотна дестинација, ја прошириле улогата на приватниот сектор и ги развиле банкарските системи. Таа „преобразба“ ја загуби динамиката во средината на 2000 година што според ММФ се должи на уморот од реформи.

Подоцна тие држави беа погодени од екномската криза во 2008 година и тоа ги појави нивните слаби страни. За да се надмине таа ситуација, ММФ предлага да биде гарантирана макроекономската стабилност и да се почнат длабоки структурни реформи.

Тие држави треба да се борат со буџетските дефицити, да дадат импулс на извозот, да го намалат трговскиот дефицит, да приватизираат државни претпријатија и да го подобрат пазарот на трудот, се додава во извештајот на ММФ.