Извештај за категоризацијата на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро

Клучните наоди на Иницијалниот извештај за категоризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, којшто е подготвен во согласност со Рамковната директива за води на Европската Унија ќе бидат презентирани денеска во Скопје.

На настанот ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и простирно планирање Стево Темелковски.

Извештајот е изработен во рамки на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро.