Извештајот за поплавите во Македонија ќе се презентира во Брисел

Најголеми штети и загуби од поплавите што ја зафатија државата во текот на јануари и февруари претрпеа Могила и Новаци. Извештајот за штетите е подготвен и следната недела треба да биде презентиран во Брисел, рече министерот за земјодлество шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешната седница на македонското Собрание посветена на пратенички прашања. пишува МИА.

Тој информира дека поплавите предизвикаа штети во 43 од вкупно 80 општини во РМ, беа погодени околу 170 илјади луѓе, а најпогодени се секторите земјоделство, наводнување, транспрот и домувањње.

– Брзата проценка на штетите од податоците коишто се дадени може да се види дека во земјоделството штетите и загубите се проценуваат на околу 13 милиони 672 илјади евра. Штетите на ситемите за наводнување и оводнување се проценуваат на 4 милиони 900 илјади евра. Штетите во секторот на транспорт на околу 3 милиони 900 илади евра. Во секторот за домување на околу 975 илајди евра. Од овие суми коишто ги кажав најповеќе штети се направени во течението на Црна Река и тоа штетите изнесуваат околу 19,6 милиони евра што претставува 81 отсто од вкупната проценета штета  од поплавите во РМ. Значи тие најповќе се направени во општините Могила и Новаци односно тоа се двете најпогодени општини со проценти штети на околу 14,4 милиони евра што претставува 59 посто од вкупните штети и загубите, информира Цветков.