Балкан

Извештајот за трговија со човечки органи ќе се објави во вторник

Извештајот за трговија со човечки органи ќе се објави во вторник

Главниот обвинител во истрагата за трговија со човечки органи за Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, ќе го објави извештајот следниот вторник во Брисел, а обвиненијата ќе бидат покренати по формирање на специјален суд, што се очекува на почетокот од следната година, јави Танјуг, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Вилијамсон вчера претстојуваше во Белград, а во понеделникот беше во Приштина, при што истакна дека резултатите од истрагата ќе бидат објавени на време и оти не треба однапред да се донесуваат заклучоци.

Приштинскиот весник „Коха диторе“ вчера објави дека  Вилијамсон нашол докази за воени злосторства против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, но не и доволно докази дека во Косово имало трговија со човечки органи.

Весникот посочи дека најмалку десет поранешни припадници на ОВК ќе бидат обвинети за воени злосторства за злосторства против цивилите.

„Коха диторе“ наведе дека припадниците на ОВК ќе бидат покренати обвиненија и за исчезнување на голем број Срби од Зочишта и Ораховец, а за одговорни се сметаат и двајца високи офицери од ОВК.