Извештајот на ДБ, доказ за инвеститорите дека Македонија е најповолна бизнис дестинација

Извештајот на Светска Банка е многу важен за Република Македонија и за идните инвеститори, тој е еден вид гарант за сето тоа што Македонија посветено го работи во изминатите години. Ова меѓу другото во своето гостување во дневникот на Канал 5, го истакна истакна заменик министерот за економија Христијан Делев.

Извештајот на Дуинг Бизнис е еден вид гарант за сето тоа што Македонија посветено го работи во изминатите години. За да стигнеме до ова ниво потребни беа многу реформи. Во првата година беа сменети повеќе од 150 закони за да можеме да се квалификуваме, односно да го почнеме овој процес. Ова рангирање на нашите инвеститори им укажува дека како Влада сме посветени, дека знаеме што работиме во делот на провлекување на странски инвестиции. Ние ги нудиме најдобрите услови за водење бизнис, најдобрите даноци во регионот, па и пошироко и остануваме посветени и понатаму со странските инвеститори да работиме директно односно да ја направиме Македонија уште подобра дестинација за водење бизнис, вели Делев.

Тој додава дека ова високо рангирање на Македонија и дава ветер во грб на земјата, но и помош инвеститорите побрзо да ги донесат своите одлуки за Македонија како нивна финална дестинација за инвестирање.

Како што потенцира, во моментов преговори се водат со повеќе од 25 компании.

Со овој извештај ќе им докажеме на сите потенцијални инвеститори дека Македонија е најповолна бизнис дестинација, истакна Делев.

Заменик министерот посочи дека овој извештај останува главен водич на сите компании при донесувањето на нивните одлуки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.