Свет

Извештај: ЕУ и НАТО соочени со зголемена закана од ненамерен воен судир

Извештај: ЕУ и НАТО соочени со зголемена закана од ненамерен воен судир
© AFP 2018 / Raigo Pajula

Подјадувањето на договорот за контролата на вооружувањето, распоредувањето на дополнителното вооружување и тензиите поради зачестените воени вежби ја зголемиле опасноста од случаен воен суди меѓу Европската унија и Русија, се наведува во годишниот Минхенски безбедносен извештај.

Извештајот со наслов „До работ – и назад?“го истакнува сѐ поголемиот притисок врз договорите за нуклеарното вооружување како Договорот за нуклеарните сили со среден дострел (INF) и загриженоста за безбедноста во источна и во централна Европа.

НАТО тврди дека не сака нова трка во вооружувањето со Русија, меѓутоа моменталната ситуација би можела „да доведе до натамошно влошување на безбедносната ситуација во Европа“, се наведува во извештајот кој формално ќе биде објавен во четвртокот пред почетокот на годишната Минхенска безбедносна конференција којашто ќе се одржи следната седмица.

„Во оваа опасна ситуација, работите на погрешната процена и недоразбирања можат лесно да доведат до ненамерен воен судир“, се наведува во извештајот.

Околу 500 високи владини и воени функционери од Европа, Африка, САД, Русија и Персискиот залив ќе дебатираат за безбедносните предизвици на годишниот собир во Минхен кој ќе се одржува од 16-ти до 18-ти февруари.

Конфликтот во Украина, исто така, претставува голема пречка за попуштањето на напнатоста меѓу Западот и Русија, се додава во извештајот, истакнувајќи дека одлуката на САД со оружје да ја снабдува Украина веројатно ќе ја забетонира сегашната пат позиција.

Извештајот наведува дека источна Европа се мачи во атмосферата на борбата за безбедност фатена меѓу Европската унија и НАТО, од една, и Русија, од друга страна, во периодот кога политиката на ЕУ на Источното партнерство загубила во залетот и кога има малку шанси НАТО да прими нови членки во догледна иднина.

Информациите, сепак, не се само лоши, се додава во извештајот. Економскиот раст и подобреното јавно мислење даваат „повеќе од трошка надеж“ за ЕУ на економскиот фронт. Покрај тоа, воената соработка со источното крило на НАТО напредувала, а алијансата сега ја реформира својата воена командна сгтруктура.