Извештај на ЕК: Позитивен развој на бизнис климата, назадување во менаџирање со јавните финансии

очи со драматично зголемување на мигрантскиот бран. Властите презедоа мерки да обезбедат сигурен премин кон трети земји и обезбедија засолништа и хуманитарна помош за мигрантите со помош на ЕУ, како и со поддршка на други.

Според ЕК, позитивен развој е констатиран особено во делот на бизнис климата и натамошно зајакнување на макроекономкста стабилност. Наспроти тоа, има назадување во менаџирањето со јавните финансии. Владата продолжи да промовира раст и вработување преку инвестиции во големи јавни инфраструктурни проекти и директни странски инвестиции. Тоа придонесе да се проодбри структурата на извозот и да се креираат работни места. Сепак, развојот на конкурентен приватен сектор останува да биде попречуван од слабото почитување на договорите и од големата сива економија, се вели во извештајот.

Согласно со препораките во Програмата за економски реформи за 2015 година, како и со цел да постигне раст на долг рок Македонија, се наведува во извештајот, треба да обрне посебно внимание на подобрување на планирање на буџетот на среден рок и на неговото извршување и ригорозно да се придржува до фискалната стратегија на среден рок. На земјата и се препорачува и да продолжи со структурните реформи за унапредување на бизнис климата и воспоставување на ефикасни процедури за стечај, како и да преземе натамошни мерки за подобрување на пристапот до банкарските заеми.