ТОП,Македонија

Извештајот на „Дуинг бизнис“ – „ас“ во ракавот за привлекување нови инвестиции

Извештајот на „Дуинг бизнис“ – „ас“ во ракавот за привлекување нови инвестиции

Извештајот на „Дуинг бизнис“ е „ас“ во ракавот за привлекување нови инвестиции. Освен верификација на напорите за креирање поволна бизнис – клима, високото рангирање на земјата е сигнал и за домашните и за странските инвеститори, кои овој Извештај го оценуваат како релевантен при носењето на одлуката каде да ги вложат своите средства.

Исто така, факт е дека наодите од овој извештај се користат како инпут во извештаи кои се подготвуваат и од други меѓународни институции и претставува добра алатка која ги поттикнува земјите да спроведуваат реформи за создавање на подобри услови за работа на приватниот сектор.

Македонија подобра од 24 земји членки на ЕУ

Годинава, Македонија во извештајот на „Дуинг бизнис“ се најде на 12-тото место во светот по условите за водење бизнис. Нашата држава е прва во регионот, шеста во Европа, пред 24 од 27 земји – членки на ЕУ. Земјава бележи фанстатичен скок од 18 позиции во однос на ланскиот  извештај, а ако се направи споредба со рангирањето од 2006-та година, скокот е за цели 82 позиции.

mmakedonija-12-to-mesto-Duing biznis

Според премиерот Никола Груевски, посветеноста кон работата, чесниот и искрен пристап, превземените реформи и чекори доведоа до нов значаен успех и одлична вест за Македонија.

Можеби овој резултат е изненадување за многумина, но ние како Влада веруваме во реформите коишто ги спроведуваме во Македонија, ги применуваме најдобрите светски практики кои ги прилагодуваме и анализираме на нашите услови. Високиот ранг е резултат на сработеното, изјави премиерот Груевски.

duing-biznis-2

Економските политики даваат резултат – Напредок во сите индикатори

Дека економските политики…