Извештајот на „Дуинг бизнис“ – „ас“ во ракавот за привлекување нови инвестиции

Во однос на заштитата на малцинските инвеститори сме на 14 место, што е многу важен показател за сигурноста на инвестицијата. Во поглед на извршувањето на договорите сме на 26 место, а истата позиција ја имаме и во делот на надворешната трговија. Ниските царини резултираат со значително зголемување на извозот од нашата земја. Од 2006-та досега, извозот е двојно зголемен.

Царината овозможи да постојат поедноставени постапки, да има куќно царинење и да постојат гранични царински терминали на сите поважни гранични премини, со што се скратува времето и стоката побрзо стасува до крајниот корисник, објаснува претседателката на „Макамтранс“, Билјана Муратовска.

Земјава е рангирана од 40 до 50 место во делот на пристапот до електрична енергија, кредити, регистрацијата на имот, справувањето со несолвентноста, но охрабрува што токму во овие сегменти се бележат големи поместувања и подобрувања.

Рангирањето – „ас“ во ракавот за нови инвестиции

Според премиерот Груевски, реформите се прават за да се подобри животниот стандард на граѓаните и да се подигне квалитетот на животот. Ова рангирање ќе биде од корист во отворањето нови работни места, бидејќи ќе послужи како дополнителен мотиватор на инвеститорите да ги вложат своите средства во Македонија.

Освен верификација на нашите напори за креирање поволна бизнис – клима, ова е сигнал и за домашните и за странските инвеститори, кои овој Извештај го оценуваат како релевантен при носењето на одлуката каде да ги вложат своите средства. Праксата го потврдува тоа. Како се подобрува рангот на Македонија на оваа листа, така се зголемува и бројот на странски компании кои доаѓаат во земјава, отвораат фабрики и нови работни места, вели премиерот Груевски.

Македонија во рангирањето пред светски сили

makedonija-podobra-zemji-clenk-EU-doing biznis

Македонија во рангирањето на Европа е шеста во Европа, пред нас се Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Велика Британија. Во Извештајот, зад нас се моќни економии и држави, како Германија Австралија, Канада, Австрија, Франција, Холандија или Јапонија… Во однос на регионот, зад нас е Словенија (29), Романија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора (38,39,40, 46)… Први на листата се Сингапур и Нов Зеланд.