Извештајот на Јанева пред Собраниска комисија

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе го разгледува извештајот за работата во првите шест месеци на Специјалното јавно обвинителство.

 Во петокот расправата за извештајот беше одложена откако специјалната обвинителка Катица Јанева не дојде на седницата на Советот на јавни обвинители. Според законските одредби и Советот на јавни обвинители има обврска да ги разгледува извештаите на СЈО.