Извештајот на СЈО денеска пред пратениците

Специјалната обвинителка Катица Јанева, како што е најавено, во средата ќе го презентира извештајот пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во шестмесечниот период од септември 2017 до март годинава, Специјалното јавно обвинителство завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија.

„Во текот на извештајниот период беа преземени голем број на дејствија во рамки на отворените предистрачни постапки што се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби при јавните набавки, перење пари, разни коруптивни дејствија…., се наведува во извештајот.

Освен извештајот на СЈО, Комисијата ќе ги разгледува и годишните извештаи на Народниот правобранител, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и на Агенцијата за администрација.