Експлозија на аеродромот Ландветер во Шведска

Се појавија информации за експлозија на аеродромот Ландветер во Шведска, пишува „Раша тудеј“.

Телевизиската куќа повикувајќи се на информации од локалните медиуми пишува дека аеродормот е евакуиран.

Според пишувањата на аеродромот е забележано присуство на одделот на полицијата за сузбивање на експлозиви кој работи на две сомнителни пластични чанти.

Аеродромот што е лоциран во близина на Гетебург примил закана за бомба утрово. Како резултат полицијата биле распоредена на местото, вели портпаролот на полицијата Петер Адлерсон за „Експресен“.

Неколку часа подоцна биле најдени неколку „сомнителни“ пластични чанти во терминалот за поаѓања. Поради ова халата била веднаш евакуирана.

Дел од медиумите пишуваат дека наводната експлозија била контролирана експлозија на двете сомнителни чанти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.