Известување за привремениот прекин на мрежата

Т-Мобиле Македонија ја информира јавноста дека денеска поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот. Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија.

Говорните услуги се во целоснa функција, додека мобилниот интернет сеуште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и нашите стручни тимови работат на негово нормализирање во најскоро време. Т-Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.