Спорт

Извлечени групите во Лигата на нациите на УЕФА, Македонија во 4-та група од лигата Д

Извлечени групите во Лигата на нациите на УЕФА, Македонија во 4-та група од лигата Д

Фудбалската репрезентација на Македонија којашто беше рангирана во групите на ткн Лига Д во новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нациите, се падна во последната четвтра група заедно со репрезентациите на Ерменија, Гурбалтар и Лихтенштајн, по жрепката во средата во швајцарска Лозана.

 

Групи во Лига А:

Група 1 – Холандија, Франција, Германија
Група 2 – Остров, Швајцарија, Белгија
Група 3 – Полска, Италија, Португалија
Група 4 – Хрватска, Англија, Шпанија

Групи во Лига Б:

Група 1 – Словачка, Украина, Чешка
Група 2 – Русија, Шведска, Турција
Група 3 – Австрија, Босна и Херцеговина, Северна Ирска
Група 4 – Велс, Ирска, Данска

Групи во Лига Ц:

Група 1 – Шкотска, Албанија, Израел
Група 2 – Унгарија, Грција, Финска, Естонија
Група 3 – Словенија, Норвешка, Бугарија, Кипар
Група 4 – Романија, Србија, Црна Гора, Литванија

Групи во Лига Д:

Група 1 – Грузија, Латвија, Казахстан, Андора
Група 2 – Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3 – Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово
Група 4 – МАКЕДОНИЈА, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар

 

Термини за одигрување

1 и 2 круг: 6-11. септември 2018 година.
3. и 4. круг: 11-16. октомври 2018 година.
5-ти и 6-ти круг: 15-20. ноември 2018 година.

Финален турнир: 5-9. јуни 2019 година.

Македонската фудбалска репрезентација којашто покажа напредок во последните рунди од последните европски квалификации за Светското првенство 2018 година, е селектирана во најслабата група за новото натпреварување на УЕФА – Лига на нациите, коешто ќе се игра од септември до ноември по мундијалот во Русија, а завршниот турнир ќе го играат четирите најдобри селекции во јуни 2019 година.

Меѓу 12-те најсилни европски национални тимови избрани според коефициентот на УЕФА по завршувањето на европските квалификации за СП 2018, се Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Англија, Швајцарија, Италија, Полска, Исланд, Холандија и Хрватска. Овие репрезентации се разместени во четири групи од по три на жрепката којашто се одржи на 24-ти јануари во Лозана.

Натпреварите од Лигата на нациите ќе се играат во шест кола, по две кола во септември, октомври и ноември следната година, а победниците на четирите групи во рамките на Лигата (Групата) А ќе учествуваат во завршниот турнир, полуфинале, средба за третото место и финалето, од 5-ти до 9-ти јуни 2019 година и ќе се борат за првата титула во Лигата на нациите. Четирите последнопалсирани селекции од секоја група ќе се преселат во понискиот – Б ранг од натпреварувањето.

Лигата на нациите на УЕФА е направена за да ги замени „бесмислените“ пријателски натпревари и за да можат репрезентациите коишто имаат слично рангирање да имаат што повеќе натпреварувачки мечеви.

Лигата Б има, исто така, 12 репрезентации, а ја сочинуваат Русија, Австрија, Велс, Словачка, Шведска, Украина, Данска, Република Ирска, Северна Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка и Турција. Четворицата победници од секоја група ќе бидат промовирани во Лигата А, а последнопласираните селекции ќе се преселат во Ц рангирањето.

Лигата Ц, во којашто има 15 репрезентации, ја сочинуваат Србија, Унгарија, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Шкотска, Финска, Грција, Кипар, Норвешка,. Израел, Романија, Албанија, Естонија и Литванија. Репрезентациите ќе бидат селектирани во три групи од по четири учесници, а една ќе има три селекции. За Лигата Ц важат истите правила за напредување и назадување, првите четири репрезентации од секоја група ќе се преселат во Лигата Б, а четирите последнопласирани ќе се преселат во Лигата Д.

Во најниската класа од Лигата на нациите, во којашто е Македонија, се 16-те најслабо рангирани репрезентации во Европа. Покрај нашата селекција тука се и Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Латвија, Фарски Острови, Лускембург, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта, Сан Марино, Косово, Андора и Гибралтар.

Освен тоа што од календарот на репрезентациите целосно ќе ги истисне подготвителните натпревари, Лигата на нациите на УЕФА ќе влијае и на квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година. Тие се на распоредот во пет термини во 2019 година, а 55 европски национални селекции ќе бидат распоредени во десет групи, од кои во пет ќе има по шест, а во другите пет по пет репрезентации. По две квалификациски кола ќе бидат одиграни во март, јуни, септември, октомври и ноември 2019-та, а победниците и второпласираните селекции од секоја група ќе изборат директен пласман за ЕУРО 2020. Со тоа ќе се добијат 20 од 24-те учесници на завршниот турнир.

Преостанатите четири репрезентации ќе се добијат низ редизајнираните дополнителни квалификации во коишто ќе учествуваат 16 селекции, а главниот критериум за учеството во нив ќе биде пласманот во Лигата на нациите. Секоја од четири класи и требало да дадат по една репрезентација за ЕУРО 2020, а местата во дополнителните квалификации се првично резервирани за победниците на групите во секоја од четирите групи според квалитетот и ранкингот. Доколку победниците на групите преку квалификациите се пласирале на завршниот турнир, тогаш во баражот за ЕУРО 2020 ќе оди следната репрезентација според ранкингот во секога од поединечните класи.

За пласман на завршниот турнир на континенталното првенство ќе бидат потребни две победи, бидејќи ќе се игра во еднокружен систем: еден полуфинален натпревар од кој победниците ќе се борат за завршниот турнир. Домаќинот на полуфиналето ќе се одредува според пласманот во групите, а домаќинот на финалето ќе се одреди со ждреб. Овие мечеви се на распоредот во март 2020 година, односно три месеца пред почетокот на Европското првенство.