Извлечена опашката на авионот „Ер Азија“

Екипите на воената морнарица на Индонезија рано утрово успеаја од дното на морето да ја извлечат опашката на урнатиот авион „Ер Азија“.

Истражувачите се надеваат дека во неоштетената опашка ќе ја пронајдат и црната кутија на авионот, по што ќе е утврди причината за несреќата.

Авионот на малезиската компанија „Ер Азија“, кој сообраќаше на релација Сурабаја-Сингапур, се сруши на 28 декември, а во него загинаа сите 162 патници и членови на екипажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.