Извлечени двојките во Купот на Македонија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија.

Актуелниот шампион, тимот на Работнички за противник го доби второлигашот Еуромилк, додека Вардар ќе игра против Ренова. Првите натпревари се играат на 18 ноември, а реваншите на 6 декември.

КУП НА МАКЕДОНИЈА-ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
Кожув – Тетекс
Турново – Дрита
Вардар – Ренова
Еуромилк – Работнички