Извлечени групите за ЕП 2017 до 21 година

Денеска беше извршена ждрепка во Нион на која беа извлечени квалификационите групи за Европското фудбалско првенство за репрезентации до 21 година, кое ќе се одржи во 2017 година во Полска.

Селекторот Благоја Милевски и техничкиот секретар Саша Ќириќ, кои беа преставници на нашата репрезентација во Нион, немаа многу простор за задоволство, бидејќи групата во која беше извлечена Македонија е доста незгодна.

Главен фаворит ќе биде Франција, додека тука се и Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска.

Доколку нашите млади играчи сакаат да се најдат на завршниот турнир треба да завршат како први во групата 3 или пак да бидат меѓу четирите најдобри второпласирани селекции и да играат во баражот.

Овие квалификации стартуваат во март годинава, а комплетно ќе завршат во ноември 2016.