Извори од грчко МНР: За соработка и напредок треба власт која што нема да ја присвојува „грчката” историја

Специјалниот посредник за разликите со името Метју Нимиц во петок во Њујорк ќе оствари средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Извори од грчкото Министерство за надворешни работи за грчкиот јавен сервис ЕРТ изјавиле дека на состанокот не се очекува ништо значајно поради како што велат “политичките проблеми и застојот во нашата земја”.
Ако не се стабилизира состојбата и ако не се добие власт, не можете да имате соговорник за да се напредува во ова прашање, изјавил извор од грчкото МНР.

Истите извори велат и дека во рамките на последната посета на Македонија, шефот на грчката дипломатија одржал, според нив, историски говор испраќајќи порака за соработка, но под услов нашата земја да го напуштела наводното политичко присвојување на “грчкото минато и обожувањето на антиката”.


Двојазичноста на Заев – топ тема во грчките блогови

 
Во меѓувреме,  изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за двојазичност на цела Македонија, очекувано заврши како топ тема во грчките блогови, а беше пренесена и од дел од интернет порталите.
  Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, рече дека тие треба да ја воведат употребата на албанскиот јазик на целата територијана земјата, што значи негово воведување како втор официјален јазик во земјата, пишува порталот “Ворија”.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за интернет порталот “Нова ТВ” рече дека сегашниот политички реализам треба да се напушти и да се воведе нов со употребата на албанскиот јазик на целата територија на државата, пренесуваат голем број грчки блогови, меѓу кои и популарниот “Balkaniko Periskopio”.
 
Истиот блог информира и дека изјавите на Заев го шокирале словенскиот елемент во земјата, како и тоа дека идејата за федерализација на Скопје во медиумите ја започнал опозицискиот медиумски стратег Бранко Героски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.