Изворот за опасната бактерија листерија ќе се знае утре

Конечни резултати  од анализите на мострите кои треба да го лоцираат изворот на заразата со бактеријата листерија, од која досега заболеа осуммина, а од нив четворица  починаа, се најавуваат за утре. Иако првично, Агенцијата за храна и ветеринарство резултатите ги  најавени за завчера, Ветеринарниот факултет (во чија лабаораторија се вршат анализита, напоредно со лабораторијата во Институтот за јавно здравје), побарал дополнително неколку денови за довршување на анализите.

Според нецелосно обработените мостри, листерија е пронајдена во примероци од колбаси кај двајца домашни производители.

Агенцијата спроведува засилени контроли за сите производи од животинско потекло, како и во сите производствени капацитети, дистрибутивни центри, пазари, продавници.

Исто така, се испитува и ДНK од бактериите што се изолирани од производите (колбасите) и од заболените и се споредува дали и колку се слични изолираните бактериски соеви. Со генските испитувања ќе се проба да се утврди изворот на инфекцијата.

Сите пациенти кои се лекуваа на Клиниката за инфективни заболувања се од различни делови на земјава – од Скопје, Македонски Брод, Гевгелија, Охрид  и Кочани, но карактеристично е тоа што истражувањата покажаа дека еден ист поттип е одговорен за сите случаи, што укажува на ист извор.

Мнистерот за здравство, Никола Тодоров, в петокот поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во промет небезбедна храна.

Тој најави иницијатива за измена во Законот за безбедност на храна, со која што секоја институција, лабораторија, ако детектира бактерија да има обврска веднаш или надоцна во рок од 24 часа да ја извести Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство и шумарство, Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според досегашната регулатива, самите производители  треба да доставуваат мостири до Центрите за јавно здравје, а доколку таму детектираат бактерија, за тоа ги извесуваат само производителите и немаат обврска да ја известат Агенцијата за храна.