четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Извозните компании со нов систем на следливост

Иновативните технологии за индустриско маркирање и кодирање на производите за подобра следливост согласно со GS1, ISO, HASSP стандардите, како и интегрираните софтверски решенија во индустриското производство и магацинското работење денеска беа претставени пред македонските компании.

133361379

Поврзани вести

Директорката на GS1 Македонија Слаѓана Милутиновиќ на отворањето на денешната презентација посочи дека станува збор за иновативни решенија што на нашите компании ќе им овозможат да го осовременат своето производство и своите деловни процеси да ги направат поефикасни, побрзи и поточни, а со тоа да заштедат пари и да овозможат побрз и побезбеден проток на стоки кои во секое време имаат информација каде се наоѓаат во дистрибутивниот синџир.

-Тоа го овозможуваат GS1 стандардите и ЕЛМЕД со своите софтверски и хардверски решенија. GS1 Македонија е неутрален лидер за воведување на тие стандарди на територија на Македонија. Нивното воведување започнува со зачленување во нашата Асоцијација по што ние им доделуваме основен матичен GS1 број за идентификација на своите услуги и производи од каде и започнува надградбата со повисоки форми на осовременување на производството, рече Милутиновиќ.

Посочи дека бар-кодот е добро познат и го има на сите производи, како и дека денешната трговија не би можела да се замисли без идентификување производи со бар-код кој е основа што ги овозможува сите иновации и надградби.

Директорката на ЕЛМЕД Македонија Јулијана Хеѓкези посочи дека ЕЛМЕД на македонскиот пазар постои од 1990 година и како компанија ги претставува повеќето светски компании со кои се заокружува целокупниот систем за следливост.

– Ако нашите компании се извознички ориентирани и сакаат да опстанат, тогаш мора да ги имплементираат и практикуваат овие стандарди, рече Хеѓкези.

Посочи дека на презентацијата ќе биде претставена и домино опремата за обележување и баркодирање на збирни пакувања и палети, како и изнаоѓање на софтверско хардверски решенија за печатење на бар-кодовите.

“GS1 стандардите – алатка за техничка примена и автоматизација на процесот на следливост низ дистрибутивниот синџир“, е во организација на GS1 Македонија во соработка со компанијата ЕЛМЕД.

Најчитани вести