Извозот на овошје и зеленчук руши рекорди

209, 1 милиони долари изнесува извозот на овошје и зеленчук во 2014 година покажуваат податоците на Народната банка на Македонија. Ова е досега рекордна вредност , а истовремено рекордна вредност во 2014 година забележаа и вкупниот извоз на прехранбени производи. Според бројките, извозот на овошје и зеленчук што е најголема ставка во вкупниот извоз на храна во државата во 2014 година е за 15 милиони долари вредносно поголем споредено со претходната 2013 година , кога се продадени производи на странските пазари во вредност од 193, 2 милиони долари. Во 2012 година извозот на овошје и зеленчук изнесувал 175, 4 милиони долари , во 2011 197, 1 милиони долари , а во 2010 година 181, 1 милиони долари, пишува Лидер.

-Ние важиме за земја која има квалитетни земјоделски производи. Имаме имиџ на земја со препознатлив вкус на производи и тоа треба да го зачуваме. Тешко е да се направи имиџ , но лесно е да се загуби, вели за Лидер Драги Димитриевски од Факултет за земјоделски науки и храна.

Во исто време расте и увозот на овошје и зеленчук, но вредносно е двојно помал во извозот. Според податоците на НБРМ во 2014 година се увезени овошје и зеленлук во вредност од 94, 5 милиони долари,, додека во 2013 година увозот изнесувал 83, 9 милиони долари, што е зголемување з 10, 6 милиони долари. Во 2012 година увозот на оцвошје и зеленчук изнесувал 116, 7 милиони доларин , а во 2010 – 79, 3 милиони долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.