Извозот расте, дефицитот се намалува

Компаративните податоци за периодите јануари 2013 и јануари 2014 за обемот на стокавата размена во странство покажуваат дека извозот и увозот растат, а дефицитот се намалува.

Во однос на извозот, вкупната вредност на извезени стоки од Република Македонија во периодот јануари 2013 година изнесува 305.638 американски долари, а во периодот јануари 2014 година изнесува 318.574 долари.

Споредено јануари 2013 со јануари 2014 година, извозот бележи пораст од 12.936 американски долари.

Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија во периодот јануари 2013 година изнесува 497.227 долари, а во јануари годинава изнесува 506.431 долари.

Увозот е зголемен за 9.204 американски долари споредбено меѓу јануари минатата и јануари оваа година.

Трговскиот дефицит во јануари 2013 година изнесува 191.589 долари, а во истиот период годинава изнесува 187.857 долари.

Споредено трговскиот дефицит помеѓу јануари 2013 и 2014 година бележи намалување за 3 .732 долари.

Покриеноста на увозот со извозот во јануари 2013 година изнесувала 61.5%, а во јануари 2014 година изнесува 62.9%. Споредено покриеноста на увозот со извозот бележи зголемување од 1.4%.