понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 5

Извозот во првите шест месеци со раст од 4,1 отсто

uvoz-izvozhjjdfurdzree-kamioni-564x272

Поврзани вести

Вкупната трговска размена на Македонија во периодот јануари – јуни 2016 година изнесува 5.529.439.000 американски долари. Вредноста на извозот е изнесува 2.275.485.000 и бележи пораст од 4,1 отсто во однос на тој период лани, додека увeзената стока е 3.253.954.000 долари или 4,8 проценти повеќе.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит изнесува 978.469.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

 

Најчитани вести