Извршена контрола врз автобуси и такси возила во Куманово

Контрола над 42 автобуси кои вршат јавен превоз на ученици и 30 такси возила е извршена вчера на подрачјето на СВР Куманово.

Од извршената контрола од страна на стручни лица од Станица за вршење на преглед на техничка исправност на возила е констатирано дека 16 автобуси и 6 такси возила се технички неисправни, а од страна на полицијата е констатирано дека на лице место во три автобуси имало повеке патници (ученици) од бројот на вградени седишта во автобусот и определени места за стоење.

Исто така констатирани се и 16 останати прекршоци.