Извршени 15 контроли во угостителски објекти во Тетово

Министерството за внатрешни работи, заедно со државните инспекторати во текот на вчерашниот ден изврши контрола на 15 угостителски објекти од кои девет во Тетово и шест во Гостивар.

При контролите констатирани се нерегуларности и изречени се казнени мерки на 10 угостителски објекти додека во три угостителски објекти од кои два во Тетово и еден во Гостивар не се констатирани никави прекршоци, а еден угостителски објект на подрачје на Гостивар бил затворен и не работел.

Во контролите на угостителски објекти на подрачјето на Тетово констатирано е следново: Во УО кафитерија “Принц“ на ул. “Љуботенска“ во Тетово од страна на УЈП изречена беше глоба од 750 евра во денарска противвредност поради нерегистрирана фирма и немање на фискален апарат како и 30 дена забрана за вршење на дејност, а од страна на ДПИ изречени беа глоба во износ од 750 евра поради нерегистриран објект и забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена. Во УО кафитерија “Лаши-Ши“ лоцирана во с.Голема Речица, од страна на УЈП поради неиздавање на фискални сметки изречена е глоба во износ од 750 евра и забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена, додека ДПИ изрече глоба од 450 евра во денарска противвредност поради немање на норматив за пијалок и храна.
Во УО кафитерија “Емпрторе-Спорт“ во с.Голема Речица, УЈП поради неиздавање на фискална сметка изрече глоба во износ од 750 евра на трговец поединец како и Забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена, додека пак ДПИ поради неистакнување на ценовник изрече глоба во износ од 600 евра. Во УО “Лисец“ лоциран на ул. “146“ во Тетово од страна на УЈП изречена беше глоба од 750 евра поради нерегистрирана фирма и немање на фискален апарат и 30 дена забрана за вршење на дејност, а од страна на ДПИ изречени беа глоба во износ од 750 евра поради нерегистриран објект и Забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена.

Во УО “Јувентус“ лоциран на ул “Блок 82“ од страна на полициски службеници поради непочитување на Законот за пушење на две лица издадени се платни налози, а од страна на УЈП изречена беше глоба од 750 евра поради нерегистрирана фирма и немање на фискален апарат како и 30 дена забрана за вршење на дејност. Од страна, пак, на ДПИ изречена беше глоба во износ од 750 евра поради нерегистриран објект и Забрана за вршење на дејност во времетраење од по 30 дена. Во УО “МЦ-Баба“лоциран на ул. “Иво Рибар Лола“ во Тетово од страна на полициските службеници поради непочитување на Законот за пушење на едно лице издаден му е платен налог, додека од страна на УЈП поради немање на фискален апарат и неиздавање на фискални сметки издадена е глоба во износ од 750 евра на трговец поединец и забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена. ДПИ поради непочитување на Законот за пушење издаде глоба во износ од 300 евра за одговорното лице и седум дена забрана за вршење на дејност.
Во угостителските објекти “Голо Гоше“ и “Ди Версо“ не беа констатирани никакви неправилности во работењето додека објектот “Клуб-М“ беше затворен и контрола не е спроведена.

На подрачје на Гостивар контролирани беа следните угостителски објекти: УО кафитерија “Беша КОМ“ лоцирана на ул. “Гоце Делчев“ во Гостивар, од страна на УЈП поради неиздавање на фискални сметки изречена е глоба од 2500 евра за правното лице и 750 евра на одговорно лице во правното лице како и 15 дена Забрана за вршење на дејност. Во УО Кафе “Дути“ на ул. “Беличица“ во Гостивар, од страна на УЈП поради неиздавање на фискални сметки изречена е исто така глоба од 3250 евра во денарска противредност за правното лице и одговорното лице во правното лице како и 15 дена Забрана за вршење на дејност.

Во УО “Беса“ лоциран на ул. “Иво Рибар Лола“ во Гостивар, УЈП поради неиздавање на фискални сметки и непочитување на платниот промет изрече глоба од 750 евра и забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена. Во УО “Џемо“ на ул. “П.Поповски“ УЈП поради неиздавање на фискална сметка и нерегистриран платен промет издаде глоба од 750 евра за трговец поединец и забрана за вршење на дејност во времетарење од 15 дена, додека од страна на ДПИ поради непоседување на норматив за пијалоци и храна издадена е глоба од 450 евра.

Единствено не се констатирани никакви неправилности во УО “Клуб – М“, додека пак во УО “Бесиме“ контрола не спроведена бидејќи објектот бил затворен. Пред за време и по завршување на акциската контрола не се регистрирани никакви безбедносни настани и појави.

Во изминативе три дена на подрачјето на СВР Тетово контролирани се вкупно 43 угостителски објекти од кои санкции се изречени во 28 во висина од над 51.000 евра. Исто така глоби се изречени и за девет физички лица затекнати со цигари во угостителските објекти, додека пак издадени се решенија за вкупно 29 забрани за времено вршење дејност, од кои 18 за времетраење од 15 дена, осум во времетраење од 30 дена и три во времетраење од по седум дена.