Извршено запрашување против комарци во Охрид

Центарот за јавно здравје од Охрид во координација со Министерството за здравство, утрово изврши авионско запрашување против комарци во Охридскo-струшкиот регион, јавува порталот Ohrid news.

На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата беше опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското Езеро по течението на Коселска река, а во градското подрачје во зоната на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан.

На територијата на општина Дебрца беше спроведена дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино  и Требеништа по течението на реката  Сатеска, како и во зоната на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река. Во општина Струга дезинсекцијата се спроведе во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Дрслајца, како и на потегот од Подмолје  по магистралниот пат кон Ќафасан и Охридското Езеро се до село Калишта.

Препаратот со кој се вршеше запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.