Извршила разбојништво за да купи еден грам хероин

Во врска со завчерашниот случај на разбојништво над Х.Р. од која што во нејзиниот дом и биле одземени околу 50 евра (20 евра и 2.000 денари), СВР-Скопје вчера целосно го расчисти и документираше настанот по што со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје го предаде лицето К.Е.(32) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека на четврти овој месец извршила кривично дело – разбојништво.

Имено, К.Е. со намера да се стекне со противправна имотна корист во неделата, околу 16,30 часот , отишла на ул. Гарибалди во куќа бр. 12, влегла внатре и од оштетената Х.Р. која била само во куќата под закани со нож одземала една платнена торбичка во која имало 20 евра и 2.000 денари, ја напуштила куќата и заминала во непознат правец. Од страна на оштетената во ПС Чаир поднесен е записник за примање на пријава, и превземени се мерки и активности со цел да се утврди точниот идентитет и адресата на сторителот на кривичното дело при што за кратко време К.Е. беше пронајдена и приведена во ПС Чаир каде што обавен е разговор, и истата го појаснила начинот и времето на извршувањето на кривичното дело, а парите ги потрошила за нејзините потреби, купила еден грам хероин.

По предлог на Јавниот Обвинител на истата во текот на вчерашниот ден и е одредена мерка притвор од осум дена.