Македонија,Крими хроника

Извршил разбојништво во „Жена парк“, но бил фатен од „Алфите“

Извршил разбојништво во „Жена парк“, но бил фатен од „Алфите“

Кривична пријава заработи 58 – годишниот С.А.  од Скопје. Пријавениот извршил разбојништво во „Жена парк“, но бил фатен од „Алфите“.

Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.560 денари.

Извршил разбојништво во „Жена парк“, но бил фатен од „Алфите“
Извршил разбојништво во „Жена парк“, но бил фатен од „Алфите“

Минатата недела, пријавениот на ул „11-ти Октоври“ поточно во паркот „Жена Борец“ извршил разбојништво над лицето Ц.С. (59) од Скопје.

Разбојништвото го извршил на тој начин што откако го пресретнал оштетениот со закана по неговиот живот му кажал да му даде се што има во џебовите. Оштетениот исплашен за својот живот го извадил новчаникот и на пријавениот му дал 1.510 денари а пријавениот сам од џебот на блузата на оштетениот му одземал една кутија цигари по што истиот се упатил во правец на собранието на Република Македонија, информираат од МВР.

Случајот оштетениот го пријавил во полиција. Истиот ден С.А. бил пресретнат од страна на полициски службеници од единицата АЛФА на ул „11-ти Октомври“.

Кај пријавениот при преглед биле пронајдени одземените пари и цигари и истиот бил лишен од слобода во ПС ОН Центар.