Извршители го распродаваат луксузот на Буцо Лазов

период имаше монопол во изнајмувањето билборди и рекламен простор во земјава, веќе подолг период се зборува дека работат не му оди баш најдобро, особено откако лани компаниијата за надворешно рекламирање, „Лазов груп“ отиде во стечај.

Од документот, објавен во неколку печатени медиуми, како оглас за јавно наддавање, се гледа дека Буцо Лазов, зел кредит од Стопанска Банка Битола.

Но, поради неговата неисплата, банката активирала извршител да ги распродаде работите кои најверојатно му биле ставени како гарант за кредиторот, односно биле заложени.

buco

На јавното наддавање што ќе се оддржи кон крајов на месецот, ставени се 275 уметнички слики во вредност од 400.002 евра и 35 ирански килими вредни 200.063 евра, како и два мотоцикли марка „MV Agusta“ тип „f5 f4 cc“ и „MV Agusta“ тип „fc f4 1000 rp“, вредни нешто повеќе од 25.000 евра.

На продажба е и уште еден ваков модел на мотоцикл, сопственост на заложниот должник Тодор Исаиловски, а вреден 13.414 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.