Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Избори на 24-ти април

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24-ти април, согласно договорот од Пржино, пишува „Курир“.

Инаку, за денес во 14:30 часот, во Порта Македонија, закажана е средба на политичките партии од кoалицијата „За подобра Македонија“.

Претходно, владејачката партија излезе со соопштение во кое се вели дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.

ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера, стоеше во соопштението.