Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на новите партиски комисии

ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува го исполнува. Почнуваме со реализација на нашите најавени активности водејќи се од начелата на транспарентност. А, нашите принципи за отвореност даваме можност за буквално сите квалитетни млади луѓе да се приклучат кон визијата и целта на партијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени повеќе кадрови одлуки од кои што сакаме да ја информираме јавноста дека Извршниот Комитет одлучи да спроведеме генерален реизбор на цели општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека со тоа партијата упати отворена понуда до сите заинтересирани кандидати кои што сакаат да се пријават на конкурсот којшто ќе биде објавен следната седмица да добијат шанса за докажување.

„Со оваа одлука на Извршниот комитет продолжуваме со зацврстување и реорганизација на нашата партија. Оние претседатели на општинските комитети кои што досега постигнале добри резултати ќе бидат реизбрани и ќе продолжат понатаму да раководат со општинските комитети. Оние коишто ќе се пријават како нови кандидати, како нови кадри ќе добијат шанса да ја покажат нивната способност, нивната волја за работа при исполнување на целите и визиите на нашата партија“, додаде Јанушев.

Со ова партијата „ќе додаде дополнителна вредност“, продолжи генералниот секретат на ВМРО-ДПМНЕ, со што според него ќе се овозможи поширок круг на дејствување што на крајот ќе придонесе за  кон поголем просперитета.

Информираше, исто така,  дека Извршниот комитет донел одлука за распишување јавен оглас за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот на досегашниот претседател, Владимир Нелоски, е истечен.

„Целта на објавувањето на огласот и изборот на нов претседател на Унијата на млади сили е да промовираме нови политики, нови младински политики со што ќе се дополнително доближиме и ќе овозможиме подобар живот за младите луѓе. Но истовремено и ќе упатиме остра критика и ќе бидеме коректор на сите оние штетни политики што оваа власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и води особено во делот на младите“, исткна Јанушев.

Информираше и дека се формирани 25 комисии на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе области, чијашто примарна цел ќе биде да бидат коректор на власта и да даваат предлози истовремено и критики во однос на работењето и во однос на како треба да се подобри животниот стандард на граѓаните.

При тоа формирани се следните комисии: Комисија за енергетика каде претседател е професор Горан Чогеља, Комисија за спорт каде Претседател е пратеникот, Трајче Димков, Комисија за животна средина и просторно планирање која ќе ја предводи професор др. Соња Лепиткова, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство која ќе ја води др. Миле Јакимовски, Комисија за труд и социјална политика каде Претседателка е Слободанка Алексовска, Комисијата за финансии и монетарни прашања која ќе ја предводи екс министерот Кирил Миноски, Комисијата за економија и инвестиции предвидено е претседател да е Христијан Делев, Комисијата за туризам која ќе ја предводи Перо Петковски, Комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги претседател професор др. Орце Симов, Комисија за локална самоуправа која ќе ја предводи поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, Комисијата за верски и етнички прашања која ќе ја предводи Антонио Петков, Комисијата за семејни прашања и демографија каде претседател е пратеникот Владимир Ѓорчев, Комисијата за политички систем ќе ја предводи професор др. Тања Каракамишева Јовановска, Комисијата за администрација ќе биде предводена од пратеничката Невенка Стаменковска, Комисијата за транспорт, градежништво и урбанизам ќе биде предводена од Синиша Ивановски, Комисијата за здравство – ќе ја предводи др. Виктор Камилоски, Комисијата за култура – која ќе ја предводи актерот Роберт Вељановски, За претседател на Антикорупциска комисија е поставен Тони Мекиноски.

Исто така формирани се и комисиите за одбрана, правни работи, образование и наука и комисијата за европски и евроатлантски интеграции чиишто претседатели ќе бидат избрани веројатно на некоја од наредните седници од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моментов се’ уште се вршеле анализи во однос на тоа кој да биде поставен  за претседател на соодветните комисии.

Имениван е и нов претседател на Комисијата за кадровски прашања, тоа е м-р. Благоја Ташаминов, кој има повеќегодишно искуство од областа на човечките ресурси.

„Она што исто така е битно за јавноста е дека по барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата координатор на нашата пратеничката група во собранието, поради голем обем на обврски и презафатеност истиот побара да се повлече. Извршниот комитет на негово место го назначи за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија господинот Драган Данев, додека за негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев“, инфомираше натаму Јанушев.

Сиве овие донесени одлуки на вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се со цел за кадровско доекипирање на партијата, нејзино зацврстување и пред се отворање на вратата на партијата за способните, мотивираните и луѓето со висок капацитет кои ќе придонесат за нашата заедничка цел, кои ќе додадат вредност на се она што го планираме, го правиме и го реализираме во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е нашата заедничка цел да имаме подобра Македонија, додаде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.