Ј.Кореја доби фудбалска лекција од Алжир

Репрезентативците на Алжир ја запишаа првата мундијалска победа, откако сосема заслужено со убедливи 4:2 го победија националниот тим на Јужна Кореја. Слимани во 26.минута го отвори резултатот, само две минути подоцна и Халише се запиша меѓу стрелците, а вистински нокаут на Корејците им зададе Џабу со голот во 38.минута од натпреварот.

Јужна Кореја се обиде да се врати во вториот дел, постигна гол преку Сон Хјунг Мин, меѓутоа возврати и Алжир со погодокот на Брахими во 62.минута. Корејците намалија на 4:2 со голот на Јо Чол – Коо.
Во последниот натпревар од групната фаза, репрезентативците на Алжир имаат обврска да освојат најмалку еден бод во дуелот против директниот ривал за втората позиција во групата “Х”, репрезентацијата на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.