Ја избодел сопругата, па си ги пресекол вените, маж од Шабац решавал љубовни проблеми

Полицијата во Шабац, Србија привела маж осомничен за обид за убиство на својата сопруга.

По расправија, тој во семејната куќа со нож и нанел повеќе убоди на својата жена нанесувајќи и тешки повреди.

По нападот тој сам си ги пресекол вените на рацете.

Повредената жена е хоспитализирана во болницата во Шабац, а мажот е приведен и со кривична пријава е изведен пред надлежен истражен судија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.