Ја избричи својата брада по 14 години

Израелецот Амит за потребите на снимањето на една реклама морал да ја избричи својата брада, која ја носел цели 14 години.

Оваа видео снимка покажува колку една навидум мала работа, во случајот брада, прави разлика во изгледот на еден човек.

Амит откако се избричил отишол во семејната продавница, каде во моментот се наоѓале неговите мајка и сестра, кои во првиот миг не го препознале. Истото се случило и кога „променетиот“ Амит се сретнал со татко му. Сите тие во првиот миг биле шокирани, а потоа почнале да се смеат.

Сопругата на Амит која никогаш не го видела без брада останала во шок од неговиот нов изглед.

Како и останатите таа не го препознала во првиот миг, а потоа кога сфатила што се случило била пресреќна.

Кога те видов, сакав да те изневерам со новиот ти, му рекла сопругата.

За разлика од другите, ќеркичката на Амит, која целиот свој живот го знаела со брада, веднаш го препознала својот татко.