Ја нападнал со тупаници, мислел дека го снима со мобилен

Поради банална причина вчера дваесет и четиригодишн момче нападнало триесет и четиригодишна жена во автобус со број 19.

Инцидентот се случил бидејќи момчето мислело дека жената го снима со мобилниот телефон додека тој се карал со возачот. Потоа со тупаници ја нападнал жената.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.