Ја оставила свекрвата на автобуска станица и не се вратила

Една невеста од Качаник која пред неколку месеци се омажила, ја оставила својата свекрва на автобуска станица со образложение дека ќе оди во тоалет, но никогаш не се вратила.

Загрижени поради исчезнувањето на 17-годишната сопруга, нејзиниот маж го пријавил исчезнувањето во полиција.

Од полицијата велат дека невестата е видена во близина на Урошевац и трага по неа.

Семејството на сопругот велат дека немале никакви проблеми кои би ја натерале да избега од дома.

Но она што е неверојатно, мајката на избеганата невеста вели дека нема да ја прими својата ќерка дома доколку сака да го остави сопругот и затоа се решила на бегство.