Ја погребаа Зорица Брунцлик за да ќарат кликови!

Вест за погибија на популарната пејачка Зорица Брунцлик, вчера, се појави на социјалната мрежа „Фејсбук“.  Еден босански интернет портал објави текст со наслов „Збогум легендо: Во тешка сообраќајка настрада Зорица Брунцлик“.

Во првата реченица од текстот стои дека несреќата во која наводно загинала пејачката се случила во ножта меѓу понеделникот и вторникот.

Но, ако кликнете на веста на „Фејсбук“, ќе сфатите дека станува збор за несолена шега на некој од новинарите во порталот, или пак еден подмолен начин да се ќарат што е можно повеќе кликови за интернет страницата.

ZoricaBi

Имено, веста за загинувањето на пејачката ве води до вест за смртта на холивудскиот актер Леонард Нимој, популарниот Спок од серијата „Ѕвездени Патеки“. За потсетување, светски популарниот актер Нимој почина на 27 февруари, годинава, како последица од заболување на белите дробови, со кое се борел долги години.