Jа претепал сопругата бидејќи и’ се јавил колега

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето А.Н. (26) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“.

На 17.04.2017 година околу 01.00 часот, додека со неговата сопруга се движел со возилото накај нивниот дом, пријавениот почнал со тупаници да ја удира неговата сопруга.

Причина за нападот било тоа што колега на неговата сопруга по грешка и се јавил додека биле излезени, стои во полицискиот билтен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.