Балкан

Ја силувал ќерката па ја заклал сопругата

Ја силувал ќерката па ја заклал сопругата

Четириесет и петгодишниот Габор Л. со кујнски нож утрово ја заклал својата сопруга Андреја Л.(40) во нивната семејна куќа.

Семејната трагедија се случила претпладнево околу 11.30 часот во Чока.

Инаку, Габор пред година дена излегол од затвор каде издржувал затворска казна во траење од 4,5 години, поради обљуба на малолетно лице, односно неговата ќерка.

Додека бил во затворот, жената разочарана од тоа што и се случило на ќерката го продала целиот нивни капитал. Откако излегол од затвор само се карале за тоа и во саботата ја претепал и и нанел тешки телесни повреди.

Меѓутоа по сослушувањето во полицијата, обвинителот не можел поради штрајкот на адвокатите да бара притвор за него.

Увидот е во тек.